28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолемиот прилив на мигранти е закана за функционирањето на Шенген зоната

Големиот прилив на мигранти е закана за функционирањето на Шенген зоната

shengen t33

Министерот за внатрешни работи на Германија Томас де Мезиер изјави дека слободното движење во Шенген зоната би можело да дојде во опасност, пренесува РИА Новости.

„Се надеваме дека ова нема да се случи, ние ја поддржуваме Шенген зоната, но ако никој не го почитува законот, Шенген зоната ќе дојде во опасност“, изјавил де Мезиер, одговарајќи на новинарско прашање во врска со можноста за укинување на Шенген договор.

Според францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев, министрите за внатрешни и надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе се состанат во Париз кон средината на октомври за да разговараат околу кризата со приливот на илегални имигранти во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП