6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Струга ќе се одржи првиот Саем на мед

Во Струга ќе се одржи првиот Саем на мед

med 003

На Плоштадот на револуцијата во Струга, денеска и утре ќе се одржи првиот Саем на мед во организација на Здружението на пчелари „Матица“ од Струга помогнато од Мрежата за рурален развој од Македонија и Општина Струга.

Саемот ќе го отворат градоначалникот на Општина Струга, Зијадин Села и директорот на Мрежата за рурален развој, Петар Ѓоргиевски.

На Саемот со свои производи ќе учествуваат пчелари од Скопје, Штип, Радовиш, Кочани, Битола, Прилеп, Охрид, Дебар и Струга.

Ова е прв саем на мед во Струга, а се организира со цел промоција на пчеларските производи и поттикнување на развојот на оваа стопанска дејност во овој регион, кој има одлични услови за развој на пчеларството. Тенденција на организаторите е манифесатцијата да стане традиционална.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП