18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел планира да ги интензивира напорите за решавање на проблемите со имигрантите

Меркел планира да ги интензивира напорите за решавање на проблемите со имигрантите

azilatni 03994

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ги интензивира следната седмица напорите за решавање на проблемите со зголемениот број имигранти, кој Германија го нарече голем логистички предизвик, и ќе отпатува на западот од земјата каде што тензиите меѓу имигрантите ја окупираат европската јавност.

Исто така, германската канцеларка Ангела Меркел следната седмица би требало да се сретне со челниците на балканските држави, од каде што доаѓаат многу имигранти во Германија, за да ги предупреди да ги решат проблемите поради коишто нивните граѓани бегаат од татковините, пишува агенцијата DPA.

И покрај изолираните инциденти со расистичка заднина, властите во Германија прифаќаат дека им е должност да ги примат оние кои бегаат пред војните во нивните земји. Германските функционери проценија дека 800.000 луѓе, што претставува 1 отсто од сегашното население на земјата, годинава ќе бараат азил.

Месечната анкета спроведена за државната телевизија ZDF покажа во петокот дека е сé поголем бројот на Германците кои се убедени дека земјата може да се справи со ваквиот предизвик. Сега во тоа се убедени 60 отсто од Германците, додека во јули овој показател изнесувал 54 проценти.

Портпаролот на канцеларката, Штефан Зајберт, изјави дека Меркел во вторник ќе отпатува за Маркслох, сиромашниот кварт во западниот индустриски град Дуизбург, каде што живеат голем број Роми, либански и курдски имигранти, кои наводно правеле испади. Медиумите известуваат дека полицијата се бори да ја задржи контролата во oваа пренатрупана населба каде што многу луѓе се невработени и живеат од социјална помош.

Меркел ќе ги сослуша ставовите на муслиманските и на христијанските верски челници, како и на социјалните работници коишто ги именувала споменатата општина, изјави Зајберт.

Канцеларката потоа во четврток ќе отпатува на конференција во Виена каде што со балканските челници ќе ги разгледа „причините за заминувањето на многу илјади луѓе од тие земји“, додава Зајберт.

Германските власти се обидуваат да го забрзаат процесот на сослушување на бегалците за да може мнозинството луѓе кои бегаат пред граѓанските војни во Сирија и Ирак да добијат азил и брзо да бидат распоредени, а барателите на азил од шесте балкански земји да бидат одбиени и депортирани. Три четвртини од испитаниците во анкетата на ZDF го поддржуваат депортирањето. Властите, исто така, сакаат рамномерно да ги распределат во целата земја, и покрај желбата на многуте од нив да живеат во големите градови покрај нивните сонародници или оние кои го зборуваат ним блискиот јазик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП