19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИБАЛКАН ЕНЕРЏИ започна со реконструкција на дел од магистралниот топловод на потегот...

БАЛКАН ЕНЕРЏИ започна со реконструкција на дел од магистралниот топловод на потегот од улицата Рузвелтова до булеварот Партизански одреди, кај „Симпо“

cvc

Согласно годишниот план за реконструкции и проширување на топлификационата мрежа,  Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ започна со реконструкција на дел од магистралниот топловод на потегот од улицата Рузвелтова до булеварот Партизански одреди, кај „Симпо“.

Постоечкиот вод е изграден во далечната 1974 година и е дотраен, со недоволен капацитет за квалитетно снабдување со топлинска енергија на граѓаните во голем дел од општината Карпош.

,,Спротивно од техничките прописи, врз трасата на топловодот уште од времето на неговата изградба биле засадени неколку дрвја. И покрај напорите вложени од инженерите и проектантите да се зачуваат дрвјата, за жал, технички неопходно беше отстранување на дрвјата за да се изведе реконструкцијата. Сечењето на дрвјата е извршено согласно законските процедури и по добиените дозволи од надлежните институции”, се вели во соопштението.

,,Ве информираме дека Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ се обврза по завршување на реконструктивните активности, да го врати теренот во првобитна состојба и да засади три пати поголем број на дрвја, но овој пат, на прописно растојание од подземната инфраструктура. Ги молиме граѓаните на град Скопје и општина Карпош за разбирање на нашите напори за подобрување на квалитетот и сигурноста во испораката на топлинска енергија до корисниците”, велат од компанијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП