5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовите слаби податоци од Kина ја притиснаа цената на нафтените пазари

Новите слаби податоци од Kина ја притиснаа цената на нафтените пазари

nafta 93939

Нафтените пазари се најдоа под притисок од новите слаби податоци од Кина, кои ја поттикнуваат загриженоста за здравјето на најголемиот потрошувач на енергија на светот, при што надолниот тренд во САД е на добар пат да се протегне и осма недела по ред, најдолг период од 1986-та година.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна 30 центи во однос на претходното затворање, на 46,32 долари. На американскиот пазар се тргува по 25 центи пониска цена, од 41,07 долари, откако во четвртокот накратко допре најниско ниво од март 2009-та година, од 40,21 долари.

Активностите во кинеската индустрија забележаа во август најсилен пад за речиси шест ипол години, поради остриот пад на домашната и странска побарувачка, што ги поттикна стравувањата за намалување на потрошувачката на нафта во вториот по големина светски потрошувач.

„Цената е под притисок на континуираното обилно снабдување, со натрупани залихи и рекордно производство на OPEC“, констатира Мајкл Полсен од Global Risk management.

„Паралелно јакне стравувањето од забавување на растот во Кина“, напоменува аналитичарот.

„Пазарот заглави во непопустлив надолен тренд“, додава Робин Бибер од лондонски PVM Oil Associates.

Американскиот пазар е на добар пат осма недела по ред да заклучи во минус, што би бил најдолг периодот на пад на цените од 1986-та година, напоменува Reuters.

Надолниот тренд донекаде го запре слабиот долар, кој ја зајакнува куповната моќ на оние кои поседуваат други валути и ја поттикнува побарувачката за нафта.

Одделно OPEC објави дека цената на барел негова нафта во четвртокот изнесувала 44,13 долари, што значи дека била за 1,26 долари пониска во однос на претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП