
Затворените банки во Кипар поради финансиската криза почнаа да создаваат проблеми на пазарот, продавниците не се снабдуваат нормално со стоки, целосно замре продажбата на облека, обувки и автомобили, а бензиските пумпи точат бензин само за готовина, без да примаат кредитни картички, пишуваат денеска весниците во Никозија.

