20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРААрнолд Шварценегер- Шест правила на животот!

Арнолд Шварценегер- Шест правила на животот!

arnold

Арнолд е еден од најуспешните луѓе во светот. На денот кога доби докторат од страна на светски признат универзитет, Шварценегер ги советуваше студентите посочувајки им ги своите шест фантастични животни правила кои ги прател во текот на неговиот успех.

Неговата слава е надалеку позната, а стекната е со многу часови макотрпен тренинг и работа на себе. Борба со своите лимити е нешто најтешко на светот, од друга страна може да ви донесе најмногу успех. Момчето од малиот град во Австрија се порслави со бодибилдингот, а покасно и започна блескава актерска кариера.

Најважното нешто е што во животот му е тоа што научи да верува во себе и дека мора напорно да работи.

 

Прво правило-верувај во себе

Препорачува да нурнете длабоко во својата душа и да се запрашате кој сакате да бидете. Не, што сакате бидете, туку каков човек ќе постанете. Тој вели дека тоа треба да го направите за вас, а не за родителите или наставниците. Правете го тоа што ве прави среќни, колку и да изгледа чудно за другите.

Второ правило- кршете ги правилата

,,Не го прекршувајте законот, прекршете ги правилата”, гордо објаснува тој. Невозможно е да бидете оригинал ако сте како сите други, потребно е да ги проширите видиците.

Трето правило- не се плашете од неуспех

Арнолд раскажува за неговите падови кога тој се стремел кон нешто и сметал дека тоа е природно. ,,Не можете секогаш да победите, но не се двоумете да донесувате одлуки”, вели тој, напоменувајки дека неуспехот не турка напред и дека ќе успееме доколку ја следиме својата визија.

Четврто правило- не слушајте негативни коментари

Секогаш ќе има луѓе кои ќе ви велат дека нешто не можете, дека никој претходно не успеал во тоа, но тоа значи дека вие ќе бидете први што ќе го направите тоа. Се што ви велат дека не можете, бидете сигурни дека можете.

Петто правило- напорно работете

Арнолд зборува за неговиот пример -Мухамед Али, кој во една прилика, на прашањето колку повторувања прави за време на тренингот, одговори дека не брои се додека не почне да боли, бидејки се смета само тоа што создава болка. ,,Тоа ќе ве направи шампион”. Тој наведува дека во животот треба да се ужива, но и не треба да заборавите дека додека вие излегувате некој друг напорно работи и станува попаметен. Не можете да се искачите на скалата на успехот со рацете во џеб.

Шесто правило- нешто морате да вратите

Првенствено мисли дека нешто мора да се даде на заедницата која ве прифатила, а за возврат ќе осетите голема сатисфакција доколку им помагате и на тој начин ќе го користите својот успех.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП