11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар ги најави турнирите во машка и женска конкуренција

Вардар ги најави турнирите во машка и женска конкуренција

turnir vardar

Вардар и Спортскиот центар  „Јане Сандански“ во периодот од 24-ти август до 1-ви септември ќе организираат ракометни турнири во машка и во женска конкуренција, на кои учество ќе земат 12 екипи, по шест во двете конкуренции.

Турнирите се организираат во чест на првиот роденден на СЦ „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“ и, како што најавија од Вардар, во иднина тие ќе станат традиционални.

Инаку организаторот обезбеди 36.000 евра како награден фонд.

На машкиот дел од турнирот во периодот од 24-ти до 27-ми август, покрај Вардар ќе учествуваат и Металург, Нексе, Чеховски медведи, Краснодар и Кристијанстад. Победникот ќе освои 15.000 евра, второпласираниот тим 10.000 евра, а третопласираниот тим 5.000 евра.

Женскиот дел од турнирот ќе се одржува во периодот од 29-ти август до 1-ви септември, а учесници ќе бидат ЖРК Вардар, Будуќност, Подравка, Лајпциг, Савехоф и Ростов. Победникот ќе заработи 5.000 евра, вторпласираниот тим 3.000 евра, а третопласираниот тим 1.000.

Цената на билетите се 200 денари кои ќе се продаваат како дневен билет, и се однесуваат за трибините, а ВИП билетите чинат 400 денари. Истите може да се купат на билетарата на СЦ „Јане Сандански” и преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП