3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи на најниски нивоа за седум месеци

Европските берзи на најниски нивоа за седум месеци

berza e3

Цените на акциите на европските берзи денеска забележаа пад, потонувајќи на најниско ниво за седум месеци, по податоците дека производствената активност во Кина е најниска од светската финансиска криза од 2009-та година.

FTSErofirst индексот на 300 водечки компании околу 11.00 часот беше во минус 1,6 отсто, на 1.453 поени, спуштајќи се на најниско ниво од јануари и му се заканува најголем неделен пад во оваа година.

Лондонски FTSE истовремено беше во минус 0,60 отсто, на 6.328 поени, додека париски CAC се намали за 0,55 отсто, на 4.756 поени, а франкфуртски DAX за 0,40 отсто, на 10.390 поени. Уште вчера FTSE и DAX падна на најниски ниво од јануари.

Сите сектори на FTSErofirst денеска загубија на вредноста, што е последица на новите сигнали за забавување на растот на втората по големина светска економија.

Изутрината беше објавено дека индексот на производна активност во Кина паднал од 47,8 на 47,1 поен, најниско ниво за шест ипол години поради падот на домашната побарувачка и извозот.

Тоа е веќе шести месец по ред како активноста на овој индекс се движи под границата од 50 поени, што укажува на слабеење на активностите.

Неодамнешната неочекувана девалвација на кинескиот јуан и остриот пад на цените на акциите на берзата во Шангај предизвикаа загриженост од остро забавување на растот во втората по големина светска економија, што би можело да доведе и до забавување на светската економија.

„Во цените на берзите се пресметува најлошото сценарио. Инвеститорите се сомневаат дека можната натамошна девалвација на кинеската валута претставува ризик и се повлекуваат од берзите“, вели Хералд ван дер Линде, стратег во банката HSBC.

FTSErofirst индексот потона за 8,5 отсто откако минатата недела Кина го девалвираше јуанот.

„Светските берзи се во паника бидејќи последиците од забавувањето на кинеската економија се сѐ појасни. Инвеститорите стравуваат од дефлација, која претставува отров за пазарот на капитал“, вели Хајнц Рутиман, стратег во банката Julius Baer.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП