16 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАYoutube третата најголема држава во свет

Youtube третата најголема држава во свет

youtube

Популарниот интернет сервис „YouTube“ за размена на видео-записи го посетуваат повеќе од една милијарда луѓе во текот на еден месец, а за зголемениот раст и популарност придонесе употребата на паметните телефони.

Дирекцијата на „YouTube“ истакна дека секој втор корисник на интернет ја посетува нивната страна уште од основањето во 2005-та година.

„ „YouTube“ да е една држава би била третата по големина во светот по Кина и Индија“, истакнува групацијата која работи во рамките на „Google“.

Фирмата „YouTube“ во 2006-та година ја купи „Google“ за 1.65 милијарди долари, но се уште не открија дали ова интернет платформа генерира профит.

Според неброените видео-датотеки кои ги поставуваат аматери, „YouTube“ започна да додава и професионални прилози за да привлече што поголема јавност, а од компанијата најавија дека од крајот јануари ќе понудат и пристап на одредени содржини на база на претплата.

Портпаролот на „YouTube“ истакнува дека многу кретори на прилози сметаат дека би можеле да имаат корист од претплатата, па така тие го земале тоа во предвид, а истакнуваат дека различни содржини ќе имаат различни типови на плаќања.

„YouTube“ уште во 2011-та година покрена ланец на бесплатни тематски содржини, припремајќи терен за созадавење на ланец на платени прилози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП