3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на Волстрит поради загриженоста за светската економија

Остар пад на Волстрит поради загриженоста за светската економија

wall street

Цените на акциите потонаа за над два отсто, при што S&P 500 индексот влезе во минус во однос на почетокот на годината, бидејќи инвеститорите стравуваат дека слабоста на кинеската економија ќе го забави глобалниот раст.

Dow Jones се спушти за 358 поени, или 2,06 отсто, на 16.990 поени, додека S&P 500 потона за 2,11 отсто на 2.035 поени, а Nasdaq индексот се намали за 2,82 отсто, на 4.877 поени.

Овие индекси вчера паднаа четврти ден по ред, при што Dow Jones и S&P 500 забележаа најголем дневен пад од февруари минатата година. Во однос на почетокот на годината S&P 500 сега во минус 1,1 отсто.

Падот на цената на акцијата е последица од забавување на растот на кинеската економија, и покрај низата поттикнувачки мерки на тамошните власти. Кинеското министерство за трговија вчера порача дека поради слабоста на надворешната побарувачка во наредните месеци може да се очекува натамошен пад на извозот, главниот придвижувач на втората по големина светска економија.

Поради тоа на берзите ширум светот завладеа страв од забавување на целокупната глобална економија, што би предизвикало пад на приходите и на добивките на компаниите. Лошо на берзите влијае и континуираниот пад на цената на акциите во Шангај, кои во последните три дена потонаа за над осум отсто.

„Најголемо прашање е колку всушност забавува растот на кинеската економија. А тоа се одразува на падот на цената на нафтата и на суровините“, вели Арт Хоган во компанијата Wunderlich Securities.

Инвеститорите ставуваат дека забавување на кинеската економија, најголем светски потрошувач  на сировини, ќе предизвика пад на побарувачката, подари што цената на нафтата и на индустрискиот метал се движи околу најниско ниво за шест години.

Освен рударскиот и енергетскиот сектор, под силен притисок вчера се најдоа и акциите на медицинските компании, откако аналитичарите на брокерската куќа Bernstein порачаа дека во овој сектор претстојат бројни структурни промени. Цената на акцијата на Walt Disney потона за 6 отсто, а на Tim Warner за пет отсто.

Значително, за над два отсто, падна и цената на акцијата на Apple, откако аналитичката куќа Gartner објави дека во вториот квартал, за прв пат во историјата, продажбата на паметни телефони во Кина падна на квартално ниво. А Apple на кинескиот пазар во последните години бележи најголем раст на продажбата на ајфони.

И на европските берзи цените на акциите вчера остро падна. Лондонски FTSE ослабна 0,56 отсто, на 6.367 поени, додека франкфуртски DAX потона 2,34 отсто, на 10.432 поени, а париски CAC 2,06 отсто на 4.783 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП