1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзворен балкански фолклор 2015 во Прилеп

Изворен балкански фолклор 2015 во Прилеп

folklor 22

Во рамките на Прилепското културно лето, ЦК „Марко Цепенков“, ќе ја реализира манифестацијата Изворен балкански фолклор 2015, во петок, во 20 часот на плоштадот „Александрија“.

На оваа традиционална манифестација ќе настапат групи од Македонија, Бугарија и Србија, кои ќе го презентираат нивниот изворен фолклор.

Изворната група на народни инструменти при  НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ Делчево, е формирана 1976 година и го негува изворниот фолклор од Пијанечко-Малешевскиот,Осоговскиот и Пиринскиот регион. Во програмата имаат застапено  изворни игри, песни и ора од наведените региони. Најзначајни настапи се на Илинденски денови-Битола,Балкански фестивал –Охрид, Пеце Атанасовски-Прилеп, Голачки фолклорни средби-Делчево, Етно Фест-Берово и други фестивали во државата. На меѓународни фестивали имаат настапувано во Измир-Р.Турција,Бугарија, Србија, Босна. Најзначајни награди е второто место на фестивалот „Струма пее“, во Бугарија, секако и Гран-при наградата на фестивалот „Пеце Атанасовски“ во Прилеп.

Инстременталниот состав Ѓурѓовден при НЧ „Ѓорѓи Победоносец“ Софија, Буагрија е формиран во 1999 година. Во него членуваат инструменталисти кои свират на тамбура, вокален квартет и четворица солисти. Репертоарот на групата е шаренолик. Вклучува фолклорни звуци од сите краеви на Бугарија и авторски обработки на бугарски композитори.

Освен концерти пред бугарската публика, на фестивали во Ќустендил, В. Трново, Банско, Благоевград, Хасково, Столетово, Панчларево од каде се вратиле со престижни награди, составот има настапувано и на фестивали во Шпанија, Франција, Грција, Турција, Кипар, Србија, Молдавија.

КУД„ Врелац“, од Врањска бања, Србија е основано во 2008 година во Врањска бања, од група заљубеници во традицијата и фолклорот на српскиот народ. Од тогаш досега друштвото работело со повремен успех, но сепак имало завиден број настапи во околината и во Србија. Од 2014 година почнува да постигнува значајни резултати, да настапува на концерти и да остварува соработка со други друштва. Освоило прво место на Регионалната смотра на фолклорот и било едно од девет најдобри друштва на републичките смотри. Најголем успех на друштвото е Првата награда на републичката смотра „Иванско цвеќе“ на која се освоени вкупно пет награди. На репертоарот му се пет кореографии и еден обичај.

КУД „Врелац“, веќе две години во Врањска бања организира меѓународен Фестивал на детското творештво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП