18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК ќе продолжи да и пружа хуманитарна помош на Македонија

ЕК ќе продолжи да и пружа хуманитарна помош на Македонија

Berlaymont Building Brussels Belgium

Европската комисија внимателно ја следи состојбата на границата помеѓу Македонија и Грција и останува подготвена на Македонија да и прати хуманитарна помош.

Ова се наведува во одговор на прес службата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на прашањето на српската агенција Танјуг во врска со состојбата настаната по одлуката на македонските власи за воведување на вонредна состојба поради приливот на бегалци.

„Комисијата знае за одлуката на владата да прогласи вонредна состојба во регионите на својата јужна и северна граница. Комисијата е подготвена и натаму да и пружа хуманитарна помош на Македонија“, се вели во изјавата.

ЕК наведува дека Македонија има право согласно меѓународниот закон да ги контролира лицата кои сакаат да влезат на нејзина територија и да забрани влез на сите оние кои не ги исполнуваат критериумите.

Комисијата потсетува дека ЕУ досега обезбедила 90.656 евра хуманитарна помош за Македонија, која е погодена со прилив на бегалци, како и дека ја довршува програмата за помош на регионот на Западен Балкан и на Турција во вредност од осум милиони евра, кој треба да биде спроведен во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП