26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Лондон се гради небесен базен

Во Лондон се гради небесен базен

bazen

Архитектонски дизајнери осмислиле небесен базен, кој треба да се изгради во централен Лондон, а на корисниците ќе им се овозможи пливање на височина.

Базенот ќе биде долг 25 метри, а ќе се протега меѓу две луксузни згради за живеење чии жители ќе можат да го препливаат патот до спа-центарот, бар на врвот од зградата, оранжериите, секако ќе има и нормален пат до таму.

Базенот ќе се гради со помош на експерти за аквариуми, ќе биде длабок три метри, со вода до ниво од 1,2 метри, а стаклото ќе биде со дебелина од 20 см.

„Мојата визија за небесниот базен е да ги урнам бариерите на можностите за конструкција и инженерство. Сакам да направам нешто што никогаш до сега не е направено“, вели Шон Малрајан, извршен директор на Ballymore Group, компанијата која го развива проектот.„Искуството за пливање во овој базен ќе биде неверојатно, како да плуташ во воздух во централен Лондон“.

baz

Небесниот базен секако е архитектонско достигнување, но проектот може да биде согледан и како симболично претставување на лондонските проблеми со сместување, затоа што најчесто се ветуваат достапни станови во центарот, за на крај да испаднат луксузни апартмани.

Зградите Embassy Gardens се дел од поголемиот Nine Elms комплекс во југо-западниот дел на Лондон, што има за цел да го регенерира потесниот круг на населбата Батерси.

Сепак, домовите во проектот тежок 23 милијарди евра се наменети за богати купувачи од Азија и Средниот Исток, а локалните жители може само да сонуваат да купат стан таму.

bazen

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП