18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДијселблом се надева дека изборите во Грција нема да ја попречат помошта

Дијселблом се надева дека изборите во Грција нема да ја попречат помошта

dijaselblom ee

Челникот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии Јероен Дијселблом се надева дека оставката на грчкиот премиер Алексис Ципрас и предвремените избори во оваа земја нема да влијаат врз остварувањето на новиот трет пакет меѓународната финансиска помош за која Атина се договори со нејзините доверители, започна да се реализира токму во четвртокот.

Претходно во четвртокот доцна попладнето, грчкиот премиер Алексис Ципрас објави дека поднел оставка со што се создадоа услови за одржување предвремени парламентарни избори. Се претпоставува дека тие ќе се одржат на 20-ти септември, со што Ципрас би ја искористил својата моментална популарност, и по седум месеци откако дојде на власт, исто така, со предвремени избори, би ја зацврстил позицијата на својата влада во реализација на договорот со доверителите, кој предвидува нови тешки мерки на кратења и штедења.

„Особено е важно Грција да ја задржи својата посветеност пред еврозоната. Повикувам на поддршка на новиот пакет реформи во грчкиот парламенти се надевам дека новите избори ќе доведат до уште поголема поддршка“, изјави во електронската порака за Reuters во четвртокот вечерта, Дијселблом во својство на претседател на советот на министрите за финансии на земјите од еврозоната.

Јавноста и во Европа и во Грција се фокусира на фактот дека при гласањето во грчкиот парламент за прифаќање на третиот пакет финансиска помош, крајно левото крило на владејачката коалиција на радикалната левица Сириза му ја ускрати поддршката на Ципрас, обвинувајќи го дека ги прекршил изборните ветувања за укинување на штедењето и нов договор со доверителите, благодарејќи на што ја освои владата на изборите на 25-ти јануари годинава. Претходно грчкиот премиер од својот кабинет ги отстрани и министрите и замениците министри од Сириза кои, исто така, се спротиставија на условите од договорот со кредиторите.

Договорот беше прифатен благодарејќи на поддршката на конзервативната опозиција, по што стана јасно дека Ципрас го загуби комотното мнозинство во парламентот, а тој изјави дека за спроведување на политиките на реформи предвидени од договорот, му е потребно стабилно мнозинство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП