17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатиот Кинез е претседателот на групацијата ‘Dalian Wanda Group’

Најбогатиот Кинез е претседателот на групацијата ‘Dalian Wanda Group’

wang

Најбогатиот жител на Кина, чиј имот е проценет на 260 милијарди јуани, односно 40,6 милијарди американски долари е Ванг Џијанлин, челникот на корпорацијата за недвижности „Dalian Wanda Group“.

Во средата истражувачкиот институт „Hurun Research Institute“ го објави рејтингот на најбогатите луѓе во Кина, според кој богатството на Ванг Џијанлин се зголемило во текот на изминатата година за повеќе од 50 отсто.

Второто место во рангирањето, со проценета сопственоста на повеќе од 200 милијарди јуани, или над 30 милијарди долар, го зазема претседателот на управата на компанија „Cheung Kong Group“, Ли Цјачен, познат и како Ли Ка Шин.

На третото место е кинескиот милијардер и челник на една од најголемите светски IT компании „Alibaba“, Џек Ма, чие богатство е проценето на 165 милијарди јуани, или 25,8 милијарди долари.

На оваа рејтинг листа се вброени лица чиј имот е проценет на најмалку 2 милијарди јуани, повеќе од 310 милиони долари. Просечната возраст на кинескиот милијардер е 56 години, според истражувањето кое првпат е објавено во 1999 година.

Ванг беше прогласен за најбогат жител на Кина и во 2013 година, кога неговото богатство беше проценето на 22 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП