18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПремиерот го посети реканско-дебарскиот регион

Премиерот го посети реканско-дебарскиот регион

zupa ng

Македонскиот премиер Никола Груевски е во посета на општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше.

Тој посетата ја започна во Маврови Анови каде што заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, го означи почетокот на реконструкцијата на регионалниот пат Ново Село – Маврово во должина од 11 километри за кој ќе бидат инвестирани 2,5 милиони евра.

Градежните работи се очекува да завршат за околу една година, а по завршувањето на оваа прва фаза, планирана е и реконструкција и рехабилитација на патот преку Маврово кон Жировница и Дебар. Целокупната инвестиција на овој проект се проценува на осум милиони евра, а должината на целиот пат којшто ќе биде реконструиран е 20 километри.

Потоа премиерот Груевски заедно со градоначалникот на оваа рурална општина Мукрем Мехмеди имаше средби со населението во селата на Долна Река – Жировница, Ростуше, Скудриње и други.

Се очекува потоа да ги посети селата Новак и Центра Жупа во Жупа како и селото Долно Косоврасти и Мелнички Мост во општина Дебар, каде ќе има средба со населението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП