4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжи падот на цената на нафтата, дополнително зголемено прекумерното снабдување

Продолжи падот на цената на нафтата, дополнително зголемено прекумерното снабдување

nafta bareli2

Цената на барел нафта падна денеска на светските берзи под притисок од сигналите за дополнително зголемување на и без тоа прекумерното снабдување, особено во Северна Американ и на Блискиот исток.

На лондонската берза во средата цената на барелот падна за 77 центи во однос на претходното затворање н 46,41 долар. На американската берза со барелот се тргува по 50 центи пониска цена, од 40,30 долари, откако накратко падна на најниско ниво за последните шест ипол години од 40,21 долар.

Американскиот пазар го притиснаа во средата официјалните податоци кои очекувано покажаа раст на залихите на сирова нафта во минатата недела за 2,6 милиони барели, поврзано со затворањето на рафинериите, но и со осетно зголемениот увоз. Канадскиот извоз на нафта во САД во минатата недела е зголемен за над 400 илјади барели дневно, покажува белешката на Energy Aspects.

Во меѓувреме OPEC продолжи со рекордното производство, дополнително заострувајќи го проблемот со прекумерно снабдување. Така Саудиска Арабија во јуни извезла 7,365 милиони барели дневно, во однос на мајскиот 6,935 милиони барели дневно, покажуваат податоците на нафтената индустрија.

Од јуни цената на нафтата на светските берзи е намалена за една третина поради силното американско и рекордното производство на Блискиот исток и загриженоста поттикната со намалената побарувачка од азиските економии.

„Се чини дека главните термински договори за нафта бележат надолен тренд, констатира робин Бибер од PVM Oil Associates. „Трендот е надолен и не попушта“, забележува Бибер.

Одделно OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка.

Негова нафта во средата изнесуваше 45,39 долари, што значи дека била 36 центи пониска во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП