23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата која го прогласи Сноуден погоден за работа како разузнавач ќе плати...

Компанијата која го прогласи Сноуден погоден за работа како разузнавач ќе плати 30 млн долари

am komp

Најголемата американска приватна компанија за проверка на кандидати за работа во владините агенции на САД, вклучително и во безбедносните, „Investigations Services“ ќе плати 30 милиони долари како намирување на побарувањата од страна на американските власти.

Како што објави американското министерство за правда, со исплатата на споменатата сума ќе се намират барањата кон „US Investigations Services“ и нејзината матична компанија „Altegrity“, коишто се состојат во тврдењето дека компанијата недоволно стручно и неправилно ги вршела проверките на кандидатите за работа владините структури.

Соодветното тужбено барање било поднесено во Министерството за правда на почетокот од минатата година. Во него, особено, било истакнато дека „US Investigations Services“ во периодот од март 2008 до септември 2012 година недоволно внимателно ги проучувала биографиите и другите податоци за кандидатите за работа во федералните институции во повеќе од 650.000 случаи.

„Челниците на ‘US Investigations Services’ со цел да ги зголеми приходите и профитот на компанијата разработиле и имплементирале криминална шема, којашто овозможила да се заобиколат условите од договорот за квалитетна проверка на биографските податоци на кандидатите“, се наведува во соопштението на американското министерство за правда.

Се истакнува притоа дека „Несовесното извршување на обврските од страна на која и да е компанија на којашто ние (американските власти) сме ѝ ја довериле проверката на личните податоци за идните и сегашните службеници во федералните агенции, е едноставно неприфатливо“.

Компанијата, којашто договорот со владата на САД го склучила во 1996 година, просечно добива по 2.500 долари, за проверка на информациите во врска со кандидат за вработување во американските сојузни агенции и служби. Според податоците на Министерството за правда, во компанијата за верификација на податоците за кандидатите користеле компјутерска програма која овозможува да се добијат потврда за спроведување на сите процедури на проверката.

Компанијата „US Investigations Services“ во јавноста стана попозната по аферата со безбедносната проверка на Едвард Сноуден за ангажирање во разузнавачките агенции CIA и NSA, како и во случајот на резервистот на воената морнарица Арон Алексис кој во септември 2013 година отвори оган во воена база, кога беа убиени 13 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП