23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаника во Швајцарија! Половина индустрија се сели во ЕУ!

Паника во Швајцарија! Половина индустрија се сели во ЕУ!

svic 330

Скоро половина од индустирските компании во Швајцарија (46 отсто) сакаат да го преселат своето производство во некоја од земјите од Европската унија или имаат таква намера.

Главна причина за тоа е неповолното влијание кое на нивното работење го има скокот на вредноста на франкот.

Според студијата која ја објави швајцарското здружение во секторот на индустријата (машинска индустрија, електроника, метали), дури 22 проценти од анкетираните индустријалци веќе донеле одлука за преселба на дел од производството во ЕУ, со цел да спречат пад на маржата, поради силната домашна валута.

Преостанатите 24 отсто од анкетираните изјавиле дека ја разгледуваат таквата одлука.

Како што наведува истиот извор, на крајот на март оваа година швајцарската индустрија, вклучувајќи го и производството на часовници, вработувала 329.173 работници, што е пад од 0,9 проценти во однос на истиот месец во 2014-та година.

„Можеме ли да говориме за деиндустријализација на Швајцарија?“, запраша претседателот на ова здружение, Ханс Хес.

„Не, но швајцарската индустрија повеќе нема да биде иста. Извесно е дека ќе можеме да говориме за индустријата пред и по 15-ти јануари 2015-та“, додава Хес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП