Македонската Влада денеска исплати вкупно 52 милиони денари за субвенции за поддршка на земјоделството и за отштета на земјоделците од поплавите кои се случија годинава.
За отштета за поплавено земјоделско земјиште исплатени се 39,5 милиони денари во општините Битола, Новаци и Могила, соопшти министерството за финансии.
За субвенции за поддршка на сточарството и други земјоделски гранки исплатени се 12,5 милиони денари и тоа: 4,3 милиони денари за грла овци, 2,4 милиони денари за постоечки овошни насади, 1,4 милиони денари за порибување на рибиоловни подрачја и зони, 1,1 милиони денари за инвестициони вложувања, 1 милион денари за помош на млади земјоделци, 0,9 милиони денари за кози, 0,5 милиони денари за пчели, 0,5 милиони денари за техничка помош за рибарство и 0,3 милиони денари за приплодни маторици.