13 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ мора да го усвои ребалансот на буџетот поради Хрватска

ЕУ мора да го усвои ребалансот на буџетот поради Хрватска

Belgium Nobel Peace

Европската комисија мора да предложи ребаланс на буџетот, поради влезот на Хрватска во Европската унија. Објавени се точните податоци за обврските и плаќањата, кои сега мора да бидат усвоени од Европскиот совет и Парламент.

Предложеното зголемување на буџетот на ЕУ изнесува 655,1 милион евра во обврски и 374 милиони евра во плаќања. Овие износи произлегуваат од одредбите на договорот за пристапување кој е потпишан од ЕУ и Хрватска.

„Кога Хрватска ќе влезе во ЕУ, хрватските региони и градови, мали и средни компании, невладини организации, експерти и др. ќе имаат можност да ги користат средствата на ЕУ исто како и останатите земји-членки. Со овие измени на буџетот само се спроведуваат финансиските аспекти на едногласната одлука на државите-членки на ЕУ, за Хрватска да биде новиот член или 28 членка“, изјави секретарот на ЕУ за финансиско планирање и буџет Јануш Левандовски.

Хрватскиот придонес во буџетот на ЕУ за 2013 година изнесува 211,9 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП