27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple е се помалку инспиративен!

Apple е се помалку инспиративен!

LJR.MIKE_

Едно истражување за брендовите покажа дека производите на компанијата „Apple“ се помалку инспиративни, отколку од пред три години, како за сегашните корисници, така и за оние кои тек имаат намера да станат нивни.

Ова истражување покажа дека „Apple“ полека заостанува во својот имиџ на иноватор, што особено ги загрижи акционерите во фирмата поради тоа што од септмври 2012-та година компанијата на берзата вреди 230 милијарди помалку.

Тоа што може најмногу да ги вознемири луѓето во „Apple“ е тоа што во Америка ривалскиот „Samsung“ е подеднакво инспиративен како и нив. Аналитичарите се плашат дека „Apple“ ја загуби својата иновативност по смртта на Стив Џобс и полека почнаа да ја губат својата работна визија.

Иако „Apple“ како бренд на домашниот пазар и натаму е високо оценет, а „Samsung“ е добредојден во останатиот дел од светот особено во Азија, стои во резултатите од истражувањето кое го направи „Added Value“.

Во својот извештај под името „Cultural Traction 2013“ тие го испитаа „културниот живот“ на 160 брендови во 15 индустрии, а во неа учествуваа 62.000 испитаници од 10 земји.

Репутацијата на „Apple“ како водечки иноватор опаднала по претставувањето на „iPhone 5“, кога јавноста новиот модел го оценила како „нашминкана“ верзија на стариот модел, отколку како уред на кој е направен значителен технички напредок.

Според истражувањата на компанијата „Gartner“, „Samsung“ и „Apple“ моментално покриваат 52 проценти од пазарот на паметни телефони, но во последното тромесечије од 2012-та година „Samsung“ продал 64.5 милиони телефони, наспроти 43.5 милиони кои ги продаде „Apple“.

Во септември 2011-та година вредноста на акцијата на „Apple“ изнесуваше 700 долари која беше најголема во историјата на компанијата и со тоа вредноста на овој гигнат достигна 655 милијарди долари, но оттогаш цената на акцијата значително се намали со што ја намали и вредноста на компанијата за скоро 230 милијарди долари.

Во топ-10 брендови кои се доживуваат како „визионери, инспиративни, храбри и возбудливи“ се најдоа „Google“, „Apple“, „Samsung“, „Ikea“, „Microsoft“, „Sony“, „BMW“, „Audi“, „Coca-Cola“ и „eBay“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП