3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајчесто поставувани прашања за ласерска корекција на диоптријата

Најчесто поставувани прашања за ласерска корекција на диоптријата

cxc

Се повеќе луѓе се определуваат за оваа интервенција, меѓутоа се уште постои страв и беспотребен сомнеж дали и колку ласерска корекција на диоптријата е успешна, трајна, дали е болна и скапа. За да ги отстраниме сите сомнежи околу процедурата и да ве охрабриме да го направите овој чекор доколку и вие сте роб на вашите очила ви нудиме одговори на најчесто поставуваните прашања од заинтересираните пациенти.

 
Како да знам дали сум кандидат за ласерска корекција на видот?

Секој кој сака да го коригира својот вид прво се повикува на преглед и консултација со лекарот кој е експерт за ласерските методи. Потоа  врз основа на диоптријата и останатите поединечни испитувања се одредува дали пациентот е соодветен кандидат за ласерска корекција и која метода е најприкладна за него. Во принцип кандидати се сите луѓе постари од 18 години чија диоптрија е стабилна минимум една година. Оперативниот зафат  не се препорачува кај лошо контролирани дијабетичари, лица со имунолошки болести, кај лица со рецидивни воспалителни болести на окото, лошо, особено суво око и кај лица со особено тешки алергии во фаза на алергија, меѓутоа и тоа зависи поединечно од пациентот.

 

Колку време трае постапката и дали е болна и безбедна?

Постапката е целосно безболна и безбедна. Интервенцијата трае 5 минути по око, а аплицирањето на ласер е околу 20 секунди. Се изведува во операциона сала, во стерилни услови, а за анестетик се користат капки за очи. По интервенцијата пациентот си оди дома веднаш, со тоа што добива соодветна обука како да го пази својот вид неколку дена и кога е потребно да доаѓа на преглед. Понатамошниот  третман се состои во ставање на капки, а видната острина се постигнува постепено, добра е по две недели, а стабилна по 1-2 месеци. По завршувањето на овој период, кој е различен за различни пациенти, видот е трајно подобрен и пациентот веќе нема потреба од носење очила или леќи.

 

Кои се придобивките од зафатот?

Оваа интервенција трајно ќе ви го врати јасниот вид и природната визија на окото, бидејќи за разлика од очилата не ви ја зголемуваат или намалуваат реалната големина на работите. Освен јасниот вид ќе имате и драстична промена во квалитетот на вашиот личен и професионален живот поради фактот што повеќе нема да зависите од помагалата за вид. Исто така ќе ги забележите и економските придобивки поради трајното ослободување од трошоците за очила, контактни леќи, за течности итн.

 

Дали е скапа интервенцијата и каде може да се направи?

Кога ќе се земат во предвид сите придобивки од физички и економски аспект, интервенцијата навистина не е скапа. Во моментот кај нас ја изведува тимот на Систина Офталмологија, под водство на проф. др. Никица Габриќ од најголемата клиника во Загреб – „Свјетлост“. Тие може да ви помогнат да се ослободите засекогаш од очилата. Ако бидете меѓу првите 100 пациенти може и да ја искористите промоцијата за ласерска корекција на диоптријата по промотивна цена од само 450 евра од око.  tinyurl.com/pmbcgay

sisti

ОЧИЛА ИЛИ ЛАСЕРСКА КОРЕКЦИЈА НА ДИОПТЕРОТ?

Многу од луѓето кои се одлучуваат за ласерска корекција на диоптерот, се загрижени дека по операцијата ласерот некако ќе ја измени “природноста” на нивната визија. Всушност бранот на ласерот создава поприродна визија отколку очилата.

Очилата го нарушуваат искуството на гледање на неколку начини.

Прво, од практична гледна точка, тие не се статични, може да паднат да се изгребаат и да се извалкаат, со што се деградира точноста на нивна корекција.

Второ, корективната моќност на очила е оптимална само во една точка, наречена “оптички центар” на објективот. Ако се погледне на страна од оваа ” точка” во леќата на очила, а потоа повторно  се гледа преку неа ќе дојде до нарушување на визијата. Исто така, очилата немаат корекција на нивните страни, т.е вашата периферната визија е ограничена само на стаклата на очилата.

Малку познат факт е и дека очилата ја менуваат големината на сликата. Колку е поголем диоптерот, толку посилно изменета слика добивате. Наочарите и леќите за кратковидост ја намалуваат сликата за 2% по диоптер т.е ако некој човек со кратковидост носи диоптер 5 тогаш неговата слика ќе биде намалена за 10% од онаа што луѓето без наочари ја гледаат.

Спротивно на тоа, очилата за далековидост со конвексни стакла ја зголемуваат сликата за 2% т.е луѓето го гледаат светот поголем отколку што навистина е. Оваа појава објаснува зошто очите на луѓето со далековидост изгледаат зголемени кога ги гледаме преку нивните очила.

Затоа најдобро е да се одлучите за ласерска корекција на диоптерот која трае не повеќе од 5 мин, сосема е безболна и засекогаш, трајно ќе ви ја врати реалната слика на светот. Во Македонија тоа може да го направите со тимот на Систина Офталмологија, водени од проф. др. Никица Габриќ од најголемата клиника во Загреб – „Свјетлост“. Тие може да ви помогнат засекогаш да се ослободите од очилата.

Побрзајте и бидете меѓу првите 100 пациенти и направете трајна ласерска корекција на диоптријата по промотивна цена од само 450 евра од око. tinyurl.com/pmbcgay

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП