5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекумерното снабдување ја држи цената на нафтата близу 49 долари

Прекумерното снабдување ја држи цената на нафтата близу 49 долари

nafta 35

Цената на нафтата се задржа на светските берзи близу 49 долари, притиснати со тврдокорното прекумерно снабдување и загриженоста поради намалување на побарувачката во азиските држави и во САД.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,71 долар. Позначителни промени во цената нема ниту на американскиот пазар каде со барелот се тргува по 42,42 долари.

„Мислам дека пазарот во прекраток период ги спушти цените прениско“, констатира Ханс ван Клиф од ABN Amro. Според неговата проценка, во наредната недела цената би требало да расте, но не претерано.

Завршувањето на надолниот тренд сепак е условен со значително намалување на снабдувањето, толкуваат аналитичарите во освртот на актуелната состојба на цените.

Во САД и натаму се произведува рекордно количество нафта, а се чини дека производителите најдоа формула за намалување на трошоците, па не треба да се очекува намалување на производството. Во септември, пак, започнува сезоната на намалена потрошувачка, со оглед на сезонското одржување на рафинериите и завршување на летната сезона на возење. Во таков амбиент без одек остана податокот за падот на залихите во минатата недела, за 2,3 милиони барели, според извештајот на Американскиот институт за нафта.

„Падот на цената на нафтата во последно време потврдува дека производителите на глобално ниво одлучија да издржат во актуелното високо ниво на производство“, заклучува Скот Кокерхем од Conway MacKenzie’s Energy ADvisory Services.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП