4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИ најмало количество алкохол го зголемува ризикот од рак

И најмало количество алкохол го зголемува ризикот од рак

alkohol33

Дури и најмалите или умерени количества алкохол, до еден пијалак дневно за жените или два за мажите, го зголемува ризикот од појава на рак, велат научниците во студијата објавена во списанието British Medical Journal.

Статијата на научниците се темели на резултатите добиени од две големи истражувања спроведени во САД, со кои биле опфатени повеќе од 100.000 возрасни лица.

Притоа, откриено е дека била најочигледна поврзаноста меѓу консумирањето алкохол и појавата на ракот на дојката. Научниците сметаат дека тоа треба да се сфати како дополнително сериозно предупредување за луѓето, да консумираат помалку алкохол или во текот на некои денови и воопшто да не го пијат.

Нема „безбедно“ количество алкохол, но доколку се пие во препорачаните дневни количества, ризикот е помал, истакнуваат експертите. Мажите, така, не би требало да пијат повеќе од три до четири лименки пиво со 4,5 отсто алкохол, а жените до две чаши вино со 12 отсто алкохол, советуваат научниците.

Велат дека тие насоки во моментов се преиспитуваат, па би можело да бидат и изменети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП