18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКанаѓани градат ,,вселенски лифт” од 20 километри

Канаѓани градат ,,вселенски лифт” од 20 километри

svemir

Канадска компанија дизајнирала кула висока 20 километри, која треба да ги носи астронаутите во вселената.

Канадската компанија дозајнирала ,,вселенски лифт”, кој ќе биде висок 20 километри.

Овие планови ги одобри Заводот за патенти на САД, па канадската компанија ,,Thoth Technology” може да продолжи со проектот.

Кулата ќе биде 20 пати повисока од досегашната зграда во светот.

,,Астронаутите ќе се искачат на 20 километри со електричен лифт. Од врвот на кулата леталата ќе бидат лансирани во вселената, како потоа повторно би се вратиле на врвот да наполнат гориво и повторно да полетаат”, вели пронаоѓачот Брендон Квин.

Со ова би се заштедило повеќе од 30 отсто за гориво.

svemir

Нова ера на вселенскиот транспорт

Како што објави Американската канцеларија за патенти(USPTO), кулата ќе се користи и за комуникација и туризам.

Каролин Робертс, претседател на компанијата ,,Thoth Technology”, смета дека вселенската кула, заедно со технологијата за самостојно слетување на ракетите, може да биде нова ера на вселенскиот транспорт.

Иако, до вселената има уште многу километри, оваа зграда ќе биде повисока од таканаречениот Армстронгов лимит, кој е поставен на 19 километар над Земјината површина, точка во која поради атмосферскиот притисок кој е екстремно низок, водата во телото достигнува точка на вриење. Меѓу останатите предизвици со кои кулата ќе мора да се избори секако преовладува ефектот на ветрот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП