19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ја поттикнува реалната економија

Кина ја поттикнува реалната економија

kina pari 3233

Кина во две банки поврзани со државата вбризга речиси 100 милијарди долари од девизните резерви за ја поттикне забавената економија, известија во средата државните медиуми.

Централната банка во вторникот ги заклучи трансакциите со кои во Кинеската развојна банка вбризга 48 милијарди долари, односно 45 милијарди долари во Извозно-увозната кинеска банка, извести државната агенција Xinhua.

Целта на овие трансакции е да ја зајакне капиталната основица и да ја поттикне економијата, се додава во извештајот.

Кинеските државни резерви се најголеми на светот, а на крајот на јуни се намалија на 3.690 милијарди долари, со 3.730 милијарди долари  колку што изнесуваа кон крајот на март, напоменува агенцијата AFP.

„Инјекцијата наведува на заклучок дека централната банка се обидува да ги насочи парите во реалната економија, како што е извозот и изградба на инфраструктурата“, оценува економистот на Barclays Capital, Ванг Шенгзу во изјава за агенцијата AFP.

Министерството за трговија предупреди во средата во соопштението дека извозот би можел да се намалува и во наредните месеци, по 8,3-отстотниот пад во јули.

Кинеската економија минатата година оствари раст од 7,4 отсто, најслаб од 1990 година, а оваа година активностите дополнително забавија, со стапка на раст од само 7,0 отсто во првите два квартали.

Владата за цела година зацрта стапка на раст од 7,0 отсто.

За да ги поттикне економските активности, Кина четири пати од ноември минатата година ги намали клучните каматни стапки, спуштајќи ги и задолжителните резерви за банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП