19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ја одобри третата спасувачка програма за Грција

Германија ја одобри третата спасувачка програма за Грција

bundestag 30344

Германскиот парламент со значително мнозинство го одобри третиот пакет за спас на Грција во вредност од 86 милијарди евра, а денешното гласање во германскиот парламент беше второто за кое германските пратеници го прекинуваат својот летен одмор.

За одобрувањето на новиот пакет помош гласаа 454 пратеници од Долниот дом на Бундестагот, против беа 113 лица, а 18 беа воздржани.

Иако на одобрувањето на планот се гледа како гаранција за широката владина коалиција на канцеларката Ангела Меркел, која држи 504 од 631 места во Бундестагот, незадоволството од обезбедувањето на нови средства за Атина расте се повеќе, и тоа во блокот на Христијанско-демократскиот сојуз.

Минатиот месец 60 од 311 пратеници од парламентарната група на Меркел гласаа против започнувањето на преговори со Грција за нов спасувачки пакет мерки – непослушност што беше дефинирана како удар врз германската канцеларка.

Претходно Берлин ја поздрави промената во тонот на Атина, особено откако минатиот месец, поранешниот грчки министер за финансии и познат критичар на германските барања за штедење, Јанис Варуфакис поднесе оставка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП