22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Илинден: Ќе се инвестираат 32 милиони денари за рурален развој

Општина Илинден: Ќе се инвестираат 32 милиони денари за рурален развој

ilinden opstina

Владата на Република Македонија и Општина Илинден потпишаа договор за одобрување на средства од 32 милиони денари преку програмата за рурален развој.

Имплементација на овие проекти е насочена кон подобрување на условите и подигнување на квалитетот на живеење во руралните средини, обнова и развој на локалната патна инфраструкура, што ќе даде позитивен импулс за подобрување на конкурентноста и понатамошно развивање на руралните средини.

Со цел подобрување на инфраструктурната поврзаност на населените места, од страна на Агенцијата беше прифатен проектот „Рехабилитација на локалниот пат Илинден-Марино“ во должина од 2,1 км.

Овој проект е од исклучително значење за Општина Илинден бидејќи локалниот пат ги поврзува двете најголеми населени места Илинден и Марино со над 65% од вкупното население во општината.

Реализацијата на овој проект ќе допринесе за побезбедно и непречено одвивање на сообраќајот како и ќе се подобри секојдневната комуникација на граѓаните во Општина Илинден. Вкупната вредност на овој проект изнесува 12,2 милиони денари.

Вториот проект кој доби поддршка за реализација е „Изградба на пешачко-рекреативна патека (шеталиште) Марино-Кадино“ во должина од 1500 метри.

Реализацијата на овој проект е со цел подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците како и поголема безбедност на децата од училишна возраст кои се движат од зоните на домување кон детската градинка, основното и средното училиште во Општина Илинден. Изградбата на шеталиштето покрај тоа што ќе ги поврзе населените места Илинден, Марино и Кадино кои вкупно бројат повеќе од 10 000 жители, ќе овозможи и нови можности за рекреација, комуникацијата, заедничкото дружење и рекреативен спорт. Со проектните активности се предвидува изградба на пешачко-рекретивна патека односно шеталиште, изградба на велостипедска патека и патека за ролерки и скејтборди, поставување на реквизити и уредување на зелени површини во должина на патеката. Вкупната вредност на овој проект изнесува 14,5 милиони денари.

Третиот одобрен проект е „Изградба на пешачко-излетничка патека за пристап до манастирот Св.Петар и Павле кај с.Ајватовци“ во должина од 763 метри.

Со имплемнтација на овој значаен проект ќе се изврши уредување на пешачко-излетничка патека, која го поврзува населеното место Ајватовци и манастирот Св. Петар и Павле со излетничкото место во село Ајватовци. Оваа локација е атрактивна и интензивно се користи од стана на граѓаните како од општина Илинден така и од многу други посетители.

Со проектните активности ќе се овозможи целосно уредување на пешачко-излетничката патека со асфалтирање како и нејзино осветлување и поставување на клупи и корпи за отпадоци, со што излетничката патека целосно ќе ја добие својата функционалност. Вкупната вредност на овој проект изнесува 5,3 милиони денари.

Со оваа мерка и поддршка на Владата директно се допринесува во подобрување на квалитетот на живот во рурални средини, обнова и развој на селата како и зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.

Имплементирањето на овие инфаструктурни проекти конкретно ќе помагнат во заложбите за создавање на услови за одржлив рамномерен економски и социјален развој како и овозможување на просперитетна иднина и квалитететен живот на сите граѓани во Општина Илинден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП