17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателност на Волстрит поради слабостите во Кина

Внимателност на Волстрит поради слабостите во Кина

March 8, 2014 - New York, New York, USA - The Charging Bull (Wall Street Bull) near Wall Street in New York City, USA, 08 March 2014. Photo: FELIX HOERHAGER (Credit Image: © Felix HöRhager/DPA/ZUMAPRESS.com)

Цената на акцијата на Волстрит падна во вторникот, а под најголем притисок беа рударскиот и енергетскиот сектор бидејќи забавувањето на растот на кинеската економија предизвика пад на цената на нафтата и на останатите сировини.

Dow Jones ослабна 33 поени, или 0,19 отсто, на 17.511 поени, додека S&P 500 се спушти за 0,26 отсто, на 2.096 поени, а Nasdaq за 0,64 отсто, на 5.059 поени.

Најмногу вчера падна рударскиот сектор, за 0,7 отсто, бидејќи цената на нафтата и на индустриските метали, вклучително и на бакарот, потонаа на најниско ниво за шест години

Тоа е последица од стравувањето на инвеститорите дека ќе ослабне побарувачката за сировини, со оглед на забавување на кинеската економија, најголем светски потрошувач на сировини.

Покрај тоа, лошо врз расположението влијаеше и вчерашниот пад на цената на кинеските акции за над 6 отсто бидејќи тамошните инвеститори се плашат од натамошна девалвација на кинескиот јуан.

„По падот на кинеската берза од шест отсто и неодамнешната девалвација на јуанот, се очекуваше и поголем пад на Волстрит. Но, инвеститорите очигледно не најдоа други причини за продажба на акциите, но ниту за купување, па индексите се движеа во тесни распони“, вели Андре Бакос, директор во компанијата Janlyn Capital.

Значително, за 3,4 отсто, вчера падна и цената на акцијата на Wal-Mart, откако најголемиот светски трговски синџир објави послаби од очекуваните квартални деловни резултати.

Сепак, од околу 90 отсто на компаниите од составот на индексот S&P 500, кои досега и објавија кварталните деловни резултати, повеќето ги натфрлија очекувањата по прашањето за добивката.

Според проценките на аналитичарите, добивката на компаниите во вториот квартал би требало да биде поголема за 1,2 отсто во однос на истиот период лани. Приходите на компанијата би можеле, пак, да паднат за 3,5 отсто.

Поддршка на берзата и пружа и градежниот сектор, кој расте со денови, благодарение на податоците кои покажуваат дека оваа дејност јакне. Вчера PHLX индексот на градежниот сектор порасна за 1,3 отсто, зајакнувајќи осми ден по ред.

На европските берзи вчера се тргуваше внимателно. Лондонски FTSE индекс ослабна 0,37 отсто, на 6.526 поени, додека франкфуртски DAX паднаа 0,22 отсто, на 10.915 поени, а париски CAC 0,27 отсто, на 4.971 поен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП