20 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТанго трио со концерт во битолска Магаза

Танго трио со концерт во битолска Магаза

tango trio

Танго трио ке оддржи концерт денеска со почеток во 21 часот во Магазата во Битола во рамките на БИТ ФЕСТ.

Танго трио во состав Тони Пецанов бандонеон, Пламенка Трајковска виолина и Ајхан Киборд пијано, ќе изведат танго композиции во стилот на танго традиционал и танго нуево од познати композитори на тангото како Гардел, Канаро, Пена и композиции од најпознатиот мајстор на тангото Астор Пјацола.

Танго трио е формирано во 2011-та година со цел да ја негува музичката танго традиција, а по повод одлуката на УНЕСКО тангото да го прогласи за светско културно наследство.

Досега Танго трио има реализирано голем број на концерти кај нас во Србија и Грција, а оваа година бандонеонистот Тони Пецанов ја освои првата награда во натпреварот за бандонеон во градот Клингентал во Германија.

Концертот ќе биде збогатен со настап на танцова танго двојка во состав Ана Урумовска и Атанаско Митрев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП