28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвионска дезинсекција низ Македонија

Авионска дезинсекција низ Македонија

avionce 030

Во четврток од 5 до 8 часот наутро ќе се спроведе авионска дезинсекција на подрачјето на девет Центри за јавно здравје, Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Струмица, Штип, Велес, со посебен акцент на подрачјата зафатени од поплавите.

Од Министерството за здравство предупредуваат лицата кои чуваат пчели навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите и да не ги пуштаат надвор во наредните 3/4 часа од прскањето.

Согласно Акцискиот план за спречување на појава и ширење на вектор преносливи болести (со посебен акцент на комарци и крлежи), секоја година, почнувајќи од месец март до септември се преземаат активности за дезинсекција на јавни површини и сите општини континуирано спроведуваат дезинсекција на своите подрачја.

Од Град Скопје соопштија дека претстојниов викенд ќе почне четвртиот наврат од авионската и од терестричната дезинсекција во 2015-та година против комарци на подрачјето на град Скопје.

„Четвртиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2015-та година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива на 22.08.2015 (сабота) и 23.08.2015 (недела), во период од 05.30 до 08.00 часот. Четвртиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2015-та година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива во деновите од 23.08.2015 до 27.08.2015 (од недела до четврток), во период од 23.00 до 04.00  часот, наредниот ден“, соопштуваат од Град Скопје..

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП