20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен сообраќај надвор од градските средини

Зголемен сообраќај надвор од градските средини

pat ohrid

Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На патиштата низ државата од 01-ви јули се применува времениот режим на сообраќај во летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, додека на магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје, се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП