18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција го ублажи ограничувањето на банкарските трансакции

Грција го ублажи ограничувањето на банкарските трансакции

banks greece

Грчката влада ги ублажи рестрикциите на банкарските трансакции и прв пат за последните два месеци дозволи испраќање на помали количини пари во странство.

Министерството за финансии во Службен весник објави дека на секој граѓанин месечно може да испрати до 500 евра во странство, односно дека за трошоци на грчките студенти во странство може да им се испратат до 8.000 евра во еден месец.

Грците сега може да отвораат нови сметки во банките за да враќаат заеми, да плаќаат придонеси или даночни долгови, но од нив не може да повлекуваат пари.

Владата ги ограничи трансакциите кон крајот на јуни за да спречи прекумерно подигнување на пари од банките откако премиерот Алексис Ципрас, ги објави условите кои ги поставија кредиторите за да одобрат нов финансиски пакет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП