4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата под 49 долари, доминира загриженоста за побарувачката

Цената на нафтата под 49 долари, доминира загриженоста за побарувачката

nafta bareli2

Цената на нафтата се стабилизираше денеска на светските берзи под 49 долари со оглед дека остриот пад на берзанските акции во Кина, најголемиот потрошувач на енергија на светот, ја поттикна загриженоста за прекумерното снабдување.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,54 долари. Позначителни промени во цената немаше нити на американската берза каде со барел се тргува по 41,67 долари.

Остриот пад на берзите на акции во Кина, за над шест отсто, ги поттикна стравувањата дека Пекинг повторно ќе ја девалвира валутата, што би значело помала потрошувачка и пониско ниво на увозот. Тоа би значело и послаба побарувачка за нафтата, но и за индустриските метали, вклучително и бакарот.

„Тоа ја притиска цената на нафтата, а тргувањето започна од ниско ниво“, вели Бјорн Шилдроп од SEB.

И американскиот пазар и овој во Лондон забележаа пад на цената за речиси една третина во однос на зголеменото ниво од мај, а податоците покажуваат дека бројни шпекуланти на големо шпекулираат со продолжување на надолниот тренд.

Значителен товар претставуваат и очекувањата дека залихите во САД ќе растат во наредните месеци поради редовните работи на одржување на рафинериите. Сезоната на возење се ближи при крај, што значи дека се намалува и побарувачката за нафта во САД.

Долгорочните изгледи укажуваат на пад на цената, констатираат во BMI Research, огранок на агенцијата за кредитни рејтинзи Fitch. Според нивна проценка понудата во наредните две години ќе расте посилно од побарувачката и цената на нафтата нема позначително да се менува до 2018 година.

Според актуелните проценки производството моментно ја надминува побарувачката за три барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП