29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина одобри приватизација на 14 регионални аеродроми

Атина одобри приватизација на 14 регионални аеродроми

aero grcija

Грчкиот Совет за економска политика ја одобри приватизацијата на 14 регионални аеродроми во полза на германско-грчкиот конзорциум „Fraport и Slentel Ltd“, групација на грчкиот магнат Копулузос.

Според условите за концесијата, конзорциумот ги добива аеродромите на користење во текот на 40-годишен период. За тоа „Fraport и Slentel Ltd“ ќе ѝ плати на грчката влада еднократно 1,2 милијарди евра, и потоа по 22,9 милиони евра како годишен наем. Покрај тоа, првите четири години конзорциумот ќе инвестира во аеродромите 330 милиони евра, а вкупната инвестиција во 40-те години треба да изнесува 1,4 милијарди евра.

Приватизацијата на грчките аеродроми, како и на пристаништата, е еден од условите од договорот за новиот трет пакет меѓународна финансиска помош за Грција со странските доверители. Кредиторите бараа формриање приватизациски фонд во вредност од 50 милијарди евра, во којшто во прв ред би се слевале приходите од приватизацијата на услугите на поморските и воздушните пристаништа и од железничкиот тртанспорт. Грција управува со фондот, меѓутоа под надзор на меѓународните институции.

Решението е потпишано од вицепремиерот Јанис Дагасакис, министерот за финансии Евклидис Цаколотос и министерот за индустриски реформи, заштита на животната средина и енергетика Панос Скурлетис, пренесува агенцијата ANA.

Тендерот за приватизација на аеродромите, кој беше распишан во 2013 година од агенцијата за приватизација Taiped, а годинава го суспендираше владата на премиерот Алексис Ципрас, го доби една од најголемите германски компании „Fraport“, којашто конкурираше заедно со грчката компанија „Slentel Ltd“, а Берлин инсистираше да се спроведе договорот. Тендерот се состоеше од правото на користење, управување и експлоатација на 14 регионални аеродроми и 39 регионални воздушни пристаништа во земјата.

Станува збор за профитабилни воздухопловни терминали во некои од најпопуларните туристички острови во Грција, како Родос, Крф, Миконос и Санторини. Во понудата, исто така, вклучени се и аеродромите во Солун, Актиона, Хани (на островот Крит), Кавала, на островите Кефалонија, Кос, Лезбос, Самос, Скијатос и Закинтос. Севкупно, овие аеродроми опслужуваат околу 20 милиони патници годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП