3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен Дневен центар за стари лица во Општина Илинден

Отворен Дневен центар за стари лица во Општина Илинден

stari lica 33

Општина Илинден како дел од стратегијата за грижа за повозрасните категории на граѓани, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, во населено место Марино отвори Дневен центар за стари лица.

Центарот располага со простор опремен со мебел, бела техника, компјутер, интернет и телефонска линија, како и друга опрема која е во функција на овозможување на разни друштвени и социјални игри, каде што старите лица ќе можат да се дружат, да одбележуваат празници и родендени, да организираат разни работилници.

Центарот во употреба го предаде градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски заедно со членовите на Здружението на пензионери на Општина Илинден.

Центарот наменет за пензионирани или, стари лица кои што живеат во свои станови и домаќинства, но во текот на денот им е потребно организирано да го минуваат времето со врсниците со кои имаат заеднички интереси во поглед на дневните содржини и активности, ќе биде отворен секој ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП