9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија годинава очекува до 750 илјади барања за азил

Германија годинава очекува до 750 илјади барања за азил

azilanti 35

Германија се подготвува да го ревидира бројот на мигранти кои за време на 2015-та година ќе поднесат барање за азил, а се очекува таа бројка да изнесува близу 750 илјади, пишува германскиот весник Handelsblat.

Повикувајќи се на извори блиски до владата, весникот навел дека наместо очекуваните 450 илјади подносители, азил ќе побараат 750 илјади лица, што е далеку од рекордниот број кој Германија го имаше во 1992-ра година, кога азил побарале 430.190 лица.

Германската канцеларка Ангела Меркел пред два дена во Берлин оценила дека прашањето на мигрантите во Европската унија претставува „поголема грижа“ од стабилноста на еврото и финансиската состојба во Грција.

„Поголема грижа е како да се реши прашањето на мигрантите, отколку финансиската состојба во Грција или стабилноста на еврото“, рекла Ангела Меркел за германската телевизија ZDF.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) минатата недела повика на итна акција поради приливот на бегалци во Европа, која се соочува со најголемата хуманитарна криза уште од Втората светска војна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП