Меѓу вработените во американската компанија ,,Apple”, 69 отсто ја сочинуваат мажи, иако овој технолошки гигант минатата година вработи 11.000 жени, што претставува раст од 65 отсто во однос на 2013 година.
Главниот извршен директор на ,,Apple”, Тим Кук кажа дека останува уште многу да се направи во однос на родовата еднаквост и разновидност меѓу вработените.
Иако жените учествуваат со 35 отсто меѓу нововработените на светско ниво, тие и понатаму сочинуваат само 31 отсто од сите вработени, додека мажите сочинуваат 69 отсто, покажаа податоците на компанијата во јуни оваа година.
Жените во ,,Apple” заземаат само 22 отсто од местата за квалификувани техничари. На крајот на јуни минатата година, пропорцијата била, исто така 70 отсто мажи и 30 отсто жени, што покажува на скромен напредок во тој поглед.
Иако процентот на жени е помал, не смее да се заборави дека жена во ,,Apple” има највисока плата, и тоа Ангела Ахрендтс, на чело на ,,Apple store”.