18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезири: Енергетска криза нема, но соочени сме со реални проблеми

Незири: Енергетска криза нема, но соочени сме со реални проблеми

neziri foto

Енергетска криза во Македонија нема, но може да има реални енергетски проблеми во случај да продолжи блокадата на сметката на Макпетрол, оцени министерот за економија Беким Незири.

Оваа изјава министерот Незири ја даде непосредно пред обвинителството да ја повлече одлуката за блокирање на сметката на Макпетрол.

Незири не сакаше да ги коментира постапките кои ги спроведуваат надлежните судови, но апелираше до судските власти да бидат внимателни кога носат одлуки кои предизвикуваат последици за економијата.

„Не сакам да ги коментирам процедурите што ги спроведуваат судовите, но како министер за економија ќе застанам во заштита на компаниите, а секако дека нема да го поддржам ниту незаконското работење“, рече Незири.

„Проблем во снабдувањето со нафтени деривати може да се јави само во местата каде единствено бензински пумпи има Макпетрол“, рече Незири.

Тој истакна дека буџетски импликации од блокадата на сметката на Макпетрол нема да има, бидејќи сите количества на нафтени деривати и природен гас од увоз ќе може и натаму да се обезбедуваат.

Доколку не беше спроведена либерализацијата на пазарот, сега ќе зборувавме дали ќе колабира системот, рече Незири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП