18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежниот сектор го поттикна Wall Street

Градежниот сектор го поттикна Wall Street

wall street 330

Цените на акциите на Волстрит пораснаа во понеделникот бидејќи добрите макроекономски показатели го поттикнаа градежниот сектор, а закрепнаа и акциите во биотехнолошкиот сектор.

Dow Jones зајакна 0,39 отсто, на 17.545 поени, додека S&P 500 порасна 0,52 отсто, на 2.101 поени, а Nasdaq индексот 0,86 отсто, на 5.091 поен.

Меѓу најголемите добитници вчера беше градежниот сектор, со раст на цените на акциите за 1,2 отсто, откако е објавено дека расположението во градежниот сектор во август достигна највисоко ниво за над 10 години, од кога се следат ваквите податоци.

„Показателите од градежниот сектор се многу добри, што ги поттикна инвеститорите на откуп на акции на компаниите поврзани со овој сектор“, вели Мајкл Џејмс, директор во компанијата  Wedbush Securities.

Силно за 2,1 отсто, скокна и биотехнолошкиот сектор, што пред се се должи на корекција на цените, откако во претходните два дена потонаа за 4,8 отсто.

Инвеститорите ги охрабрија и подобрите од очекувани деловни резултати на компаниите во второто тромесечје.

Сепак се тргува внимателно на што укажува намалениот обем на истргувани акции.

И на европските берзи вчера се тргуваше внимателно. Лондонски  FTSE ослабна 0,01 отсто, на 6.550 поени, франкфуртски DAX се намали за 0,41 отсто, на 10.940 поени, додека париски CAC зајакна, пак, за 0,57 отсто, на 4.984 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП