17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД му издаде дозвола на Shell за нафтени ископини во Артичкиот океан

САД му издаде дозвола на Shell за нафтени ископини во Артичкиот океан

iskop nafta 33

Американската федерална влада и издаде на нафтената компанија Royal Dutch Shell дозвола за поставување на нафтени ископини во Артичкиот океан, северозападно од брегот на Аљаска.

На компанијата и се дозволени ископини за нафта на околу 2.400 метри под дното на океанот и тоа прв пат од 1991 година.

Групите за заштита на животната средина се противат на експлоатација на нафта на Арктикот, наведувајќи дека индустриските активности ќе ги загрозат поларните мечки, моржеви, фоките и ќе бидат закана за китовите, кои и без тоа се загрозени со климатското затоплување и намалувањето на замрзнатите површини во морето во текот на летото.

Еколошките групи укажуваат и дека нафтените компании не демонстрирале дека можат да ги отстранат нафтените дамки.

Американското биро за безбедност и заштита на животната средина соопшти дека ја издало дозволата за вадење нафта под океанското дно, откако Shell ја обезбедил потребната опрема за заштита на ископината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП