4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОткриени нови сателитски галаксии на Млечниот пат

Откриени нови сателитски галаксии на Млечниот пат

mlecen

Астрофизичарите откриле осум најверојатни џуџести галаксии, кои се сателити на нашиот Млечен пат, според статијата објавена на порталот Fermilab.

Слабите космички објекти биле откриени во текот на истражувањето на темната енергија во рамките на проектот „Dark Energy Survey“, чијашто цел е проучување на темната енергија и темната материја.

Сателитските галаксии се релативно мали вселенски објекти, кои орбитираат околу поголемите галаксии, слични на Млечниот пат. Во џуџестите галаксии има помалку од илјада ѕвезди, за разлика од галаксиите со просечна големина, во кои може да има и милијарди светли вселенски тела.

Според научниците, малите галаксии се особено богати со темна материја, кои сочинува околу 25 отсто од сета материја во Велената.

Најблискиот од откриените објекти се наоѓа на околу 80 илјади светлосни години, а најоддалечните на растојание од околу 700 илјади светлосни години.

Овие објекти, просечно, се милијарда пати побледи од Млечниот пат и милион пати помали според масата. Најмалата од џуџестите галаксии има околу 500 ѕвезди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП