Извозната такса за нафта во Русија од 1 септември ќе биде намалена за 17,96 осто, на 109,2 долари за еден тон, во однос на сегашните 133,1 долари за тон.
Просечната цена на нафтата за периодот од 15-ти јули до 14-ти август изнесувала 51,09 долари за барел, или 373 долари за еден тон, изјави Александар Салакович, раководител на одделението за даночни и царински-тарифни политики при Министерството за финансии.
За споредба, во претходниот месец просечната цена на нафтата била 58,92 долари за барел, или 373 за еден тон.
Според Салакович, повластената такса за нафтата за повеќе наоѓалишта ќе остане на нула.
Претходно беше објавено дека според новата формула, при падот на цената на нафтата подниво од 65 долари за барел висината на таксата би требало да биде негативна, но според новите правила се утврдува како нулта.