22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо повеќе од 100 институции се вработуваат 300 лица со инвалидност

Во повеќе од 100 институции се вработуваат 300 лица со инвалидност

invaliditet222

Во Министерството за труд и социјална политика, во центрите за социјална работа, Агенцијата за вработување и во уште стотина други државни институции, се вработуваат инвалидизирани лица, во рамки на проектот за вработување 300 лица со инвалидност, а секаде се прифатени многу добро од своите колеги.

Како што појасни министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, проектот со кој се предвидуваше вработување 300 лица со инвалидност се реализира успешно, голем дел веќе се вработени и овој проект наскоро треба да биде завршен.

„Овој проект е во завршна фаза на реализација. Со него им се помага на голем број граѓани од различен вид и степен на инвалидност“, рече министерот Спасов одговарајќи на новинарско прашање на промоцијата на донација на помагала за слепи лица.

Со огласот се опфатени најранливите лица со инвалидност кои подолг период се без работа и се во најтешка материјална состојба.

„Опфатени се слепи и слабовидни лица, глуви и глувонеми, лица со комбинирани пречки, со интелектуална попреченост и со телесен инвалидитет“, рече Спасов и додаде дека голем дел од нив веќе вработени во околу 105 институции.

Појасни дека дел од нив се вработени во МТСП,  во центрите за социјална работа, Агенцијата за вработување, но и во сите други државни институции, каде, како што рече, се прифатени многу добро од своите колеги.

„Позитивно е да се истакне дека нивото на свесност кај сите граѓани постојано се зголемува. Со сите овие проекти влијаеме да бидат прифатени лицата со инвалидност во секојдневието на нашето општество, бидејќи тие се рамноправни чинители во него“, рече Спасов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП