2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДебар со мерки за стопирање на злоупотребата на водата за пиење

Дебар со мерки за стопирање на злоупотребата на водата за пиење

debar pazar 33

Градоначалникот на Дебар Ружди Лата на средбата со претставниците на јавните институции и со претставниците на ЈКП Стандард, кое стопанисува со водоводот Росоки – Дебар, побара итни мерки за спречување на злоупотребата на водата за пиење за наводнување на земјоделски површини.

Тој рече дека во градскиот водовод пристигнуваат 150 литри во секунда, но повеќе делови од градот немаат вода за пиење по неколку часови.

Лата најави мерки против сите оние кои со водата за пиење наводнуваат. Во Дебар делови на градот немаат вода и по 8 часа.

Лата по првата средба одржана деновиве со претставници на полицијата и инспекциите искажа незадоволство од мерките до сега бидејќи повторно се продаваат земјоделски и сточарски производи на тротоарите.

Поради оваа состојбата побара веднаш од страна на службите да ги стопираат овие активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП