8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија бара финансиска помош од ЕУ за справување со проблемот со азилантите

Австрија бара финансиска помош од ЕУ за справување со проблемот со азилантите

azilanti 3000

Австрија од Брисел побара вонредна помош од 5,4 милиони евра за совладување на проблемот со постојано растечкиот бран азиланти, а парите што ги бара од Европската унија (ЕУ) ќе бидат искористени за финансирање на основното снабдување со храна, објасни австрискиот министер за внатрешни работи, Карл-Хајнц Грундбек.

Конкретно се работи за потребите околу сместувањето и снабдувањето со храна на поднесителите на барањата за азил. Надлежниот еврокомесар Димитрис Аврамопулос изјави дека австриското барање ќе биде анализирано од страна на независен одбор и истакнал дека се надева оти средствата уште во август ќе и бидат проследени на Виена, пренесуваат странските медиуми.

Покрај Австрија, помош побарала и Унгарија, и тоа во висина од осум милиони евра, а и Грција најавила дека ќе се обрати до Брисел за дополнителни средства.

Австрија проценува дека оваа година ќе биде соочена со 80 илјади барања за добивање азил, бидејќи непрестајно расте бројот на бегалците кои претежно по балканската рута доаѓаат во оваа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП