Благодарение на добрите вести од европските компании, денеска пораснаа цените на акциите на европските берзи, надоместувајќи ги минатонеделните загуби.
FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски компании околу 11.30 часот беше во плус 0,6 отсто, откако минатата недела потона за 3 отсто.
Лондонски FTSE индекс истовремено беше во минус 0,10 отсто, додека париски CAC зајакна 0,35 отсто, на 4.973 поени, а франкфуртски DAX 0,30 отсто, на 11.020 поени.
По минатонеделниот остар пад предизвикан од девалвацијата на кинеската валута, денеска цените на акциите малку закрепнаа.
Најмногу, за над 6 отсто, скокна цената на акцијата на Alstom, по вестите дека Европската унија наскоро би можела да одобри преземање на енергетското работење на француската компанија од страна на американскиот General Electric за 12,4 милијарди евра.
Значително за околу 2 отсто порасна и цената на акцијата на Hennes & Mauritz, откако модната компанија извести за раст на продажбата во минатиот месец.
Акцијата на BMW поскапе, пак, за 1,5 отсто, а порасна и цената на акцијата на другите европски производители на автомобили, бидејќи аналитичарите на Barclays порачаа дека најлошото сценарио во врска со кинеската економија веќе е вклакулиран во цената на акцијата на BMW и покрај натамошното забавување на растот на втората по големина светска економија.
Позитивно на берзите влијаеше и одлуката на министерите за финансии на еврозоната во петок за третиот пакет помош на Грција вреден 86 милијарди евра, со што заврши повеќемесечната драма.
Благодарение на тоа, денеска цената на акциите на Атинската берза порасна за 1,8 отсто, но од почетокот на годината се во минус за речиси 20 отсто.