26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на азиските берзи, доларот стабилен

Пад на азиските берзи, доларот стабилен

Nikkei Dives More Than 3%, Closing At Lowest Level In More Than 2 Yrs...epa01223633 REPEATING WITH CORRECT YEAR: Japanese businessman watches electronic stock index board as Nikkei stocks plummet,  Tokyo, Japan, 16 January 2008. Tokyo stocks closed Wednesday, down 468.12 points, at 13,504.51, due to stronger yen and credit concerns due to U.S. mortgage meltdown.  EPA/EVERETT KENNEDY BROWN

Цените на акциите на повеќето азиски берзи паднаа денеска бидејќи инвеститорите ги загрижуваат слабите економски показатели и падот на кинеските берзански индекси.

На токиската берза индексот Nikkei во 7.30 часот беше во плус 0,3 отсто, а за толку порасна и цената на акцииите во Австралија.

Меѓутоа, берзанските во Шангај, Јужна Кореја, Сингапур и Хонг Конг, паднаа помеѓу 0,1 и 0,9 отсто, па индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7.30 часот беше во минус 0,7 отсто.

Минатата недела, индексот потона за 2,6 отсто бидејќи неочекуваната девалвација на кинескиот јуан ги вознемири инвеститорите и го отвори прашањето на силата на втората по големина светска економија.

Лошо на берзите влијаат и слабите макроекономски показатели. Изутрината е објавено дека јапонскиот БДП во второто тромесечје паднал за 0,4 отсто на квартално ниво и 1,6 отсто на годишно ниво.

Сепак, токиски Nikkei благо порасна бидејќи падот на економијата е нешто поблаг од очекувањата на аналитичарите и со оглед дека инвеститорите се надеваат на нови поттикнувачки мерки на јапонската централна банка доколку слабостите на економијата продолжат и во тековното тромесечје.

„Кога загриженост во врска со кинескиот јуан спласнува и со оглед дека доларот би можел да зајакне, со оглед дека се очекува зголемување на каматите на Фед во септември. Nikkei би можел да ги надомести минатонеделните загуби“, вели Ангус Николсон, аналитичар во IG.

На валутните пазари владее внимателност, по минатонеделното бурно тргување предизвикано со девалвацијата на јуанот.

Во однос на јапонската валута, курсот на доларот изутрината се движи околу 124.35 јени, како и во петокот вечерта.

Во однос, пак, на европската валута, доларот зајакна за благи 0,2 отсто, па цената на еврото се намали на 1,1090 долари.

А цената на нафтата и натаму е под притисок, откако минатата недела неочекуваната девалвација на јуанот предизвика загриженост за можно влијание врз побарувачката на суровини.

Изутрината цената на нафтата на американскиот пазар падна за 1,4 отсто, на 41,91 долар по барел, недалеку од најниското ниво за шест години од 41,35 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП